ТРАНСПОРТ
ДОМАШЕН ТРАНСПОРТ
Полиса за осигурување на пратките кои се транспортираат во рамки на домашниот транспорт.
Со осигурувањето на транспорт во домашни услови се покриени сите штети кои настануваат на пратките за време траење на превозот, како што се штети поради сообраќаен удес на превозното средство (судар, удар, превртување), елементарни непогоди (пожар, експлозија, гром), оштетувања кои настануваат поради манипулирање на пратките, како и останатите штети поради транспортните ризици како што се делумна кражба, кражба и неиспорака на цели пакети, покиснување, допир со други предмети и слично.
Осигуреникот при склучување на осигурувањето може да избере помеѓу двете полиси кои се однесуваат на еднократно и повеќекратно вршење на транспортот. Со вадење на поединечна полиса вршителот на превозот обезбедува осигурително покритие кое се однесува на еднократно превезување на одредена стока, додека генералната полиса се однесува на сите пратки кои превозникот ќе ги спроведе во текот на одреден период, најчесто за време на една календарска година.
ШТО Е ПОТРЕБНО ДА ИЗРАБОТИМЕ ПОЛИСА
За да изработиме полиса за транспорт потребно е да се пополни пријава за транспорт во која се наведуваат сите потребни податоци за превозникот, релацијата, робата која се превезува, начинот на транспорт и видот на покритие. Пријавата се пополнува и се заверува, па врз основа на неа се изработува полисата.
МЕЃУНАРОДЕН ТРАНСПОРТ
Полиса за осигрување на транспортот кој се извршува надвор од земјата со најразлични превозни средства.
Осигурувањето на транспорт во меѓународен превоз ја осигурува одговорноста на осигуреникот како превозник кон корисниците на превозот за докажана целосна или делумна загуба, оштетување или за задоцнување на пратките во домашен и меѓународен превоз, превземени на превоз со товарен лист или договор. Со склучувањето на договор за осигурување на меѓународен транспорт, компанијата ќе му ги надомести на осигуреникот сите износи кои тој треба да ги плати врз основа на одговорноста пропишана во условите, како и евентуалните судски трошоци и останатите вонредни трошоци.
Како и кај домашниот транспорт, и кај осигурувањето кое се однесува на меѓународниот транспорт, осигуреникот може да избира помеѓу два типа на осигурително траење – еднократно или осигурување на подолг рок. Така, со поединечната полиса се осигурува еднократно вршење на транспорт, додека пак со договорот со отворено покритие превозникот може да го осигура вршењето на меѓународен транспорт на подолг период со кој ќе бидат опфатени сите спроведени пратки.
ШТО Е ПОТРЕБНО ДА ИЗРАБОТИМЕ ПОЛИСА
За да изработиме полиса за транспорт потребно е да се пополни пријава за транспорт во која се наведуваат сите потребни податоци за превозникот, релацијата, робата која се превезува, начинот на транспорт и видот на покритие. Пријавата се пополнува и се заверува, па врз основа на неа се изработува полисата.
ЦМР
Осигурувањето ЦМР е специјално креирано за нашите осигуреници кои се бават со извршување на транспорт, со обезбедени оптимални покритија од ризици и суми на осигурување кои одговараат на потребите и можностите на транспортерите.
Осигурувањето ЦМР е специјално креирано за осигуреници кои се бават со извршување на транспорт, со обезбедени оптимални покритија од ризици и суми на осигурување кои одговараат на потребите и можностите на транспортерите. Со овој тип осигурување е осигурена одговорноста на превозникот за примената стока за превоз во патен сообраќај. ви нуди три вида на ЦМР осигурување според намената – за превозникот, за организаторот на транспорт и пакетот ЦМР Плус. Подолу можете да ги видите ризиците од кои ве штити ова осигурување.
Одговорноста на Осигуреникот се утврдува според одредбите на Условите за осигурување на одговорноста на превозниците во друмскиот сообраќај во домашен и меѓународен транспорт – ЦМР, како и:
1. Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај
2. Законот за облигациони односи
3. Конвенцијата за договорите за меѓународен друмски превоз на стоки (ЦМР Конвенција)
+ Можност на едно ВЛЕЧНО возило да се приклучат повеќе приколки (полуприколки).
Осигурување во основната премија вклучи и расипување на стоката предизвикано од расипување на Термокингот (СЕРВИСИРАН) со вграден уреден термограф.
ПАКЕТ ЦМР ПЛУС ПАКЕТИ
Со намера да се излезе во пресрет на сите барања на превозниците, имате можност уште еден пакет на ЦМР осигурување, со кој е опфатен дополнителниот ризик - оштетување на делот од возилото наменет за товар, настанат од самата стока која што е предмет на превоз.
Покриени ризици - оштетување на церада, елементи на кутијата на возилото, конструкција за церада, и кутија на возилото, сендвич панели на ладилник, исталации во товарен дел при манифестиран транспортен ризик:
- - сообраќајна незгода или нејзино избегнување
- - превртување, изместување на товар, палета, сноп или сл.
- - истекување на хемикалии, течности, масла
ШТО Е ПОТРЕБНО ДА ИЗРАБОТИМЕ ПОЛИСА
За да изработиме полиса за транспорт потребно е осигуреникот да се изјасни за висината на осигурителното покритие (сума на осигурување) и да достави информација во врска со видот на камионот.
Да обезбедите доказ за претрпената штета.

Центар за возила Струга
Во рамките на Центар за возила - Струга функционира и Аурон Брокер, каде можеме да ви ги понудиме следниве услуги:

- Регистрација на возила
- Осигурување
- Конторлен технички преглед
- Меѓународна возачка дозвола
- Зелен картон
- Дозвола за управување туѓо моторно возило во странство
- ЦЕМТ дозволи
- Издавање пробни таблици
- ТИФ сертификати
- Пријава на моторно возило
- Атест за плин, фолии, итн.
- Хомоголација
- Одјава на возило