ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Предмет на осигурување при склучување на договор за приватното здравствено осигурување е надомест на трошоците за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, како:
- Повисок стандард на здравствени услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување над стандардите пропишани со подзаконски акт на Министерот за здравство согласно со ЗЗО, користени во мрежата на здравствени установи;
- Здравствени услуги користени во дополнителната дејност во здравствена установа од мрежата на здравствени установи во која што се врши специјалистичко-консултативна и болничка здравствена дејност, во согласност со прописите за здравствена заштита;
- Здравствени услуги од специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита користени во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи.
Ова осигурување е наменето за сите оние кои сакаат комплетна здравствена заштита и највисок квалитет на здравствена услуга за своите пари. Сите оние кои се дел од државниот Фонд за здравство, односно се здравствено осигурени, сега можат покрај во државните здравствени установи, да користат услуги и во приватните болници и ординации.
Доброволното здравствено осигурување овозможува користење здравствени услуги во приватни здравствени установи со кои Осигурување има склучено договор за соработка.Значи Станува збор за водечките приватни клинички болници и специјалистички здравствени установи во кои нашите осигуреници можат да користат здравствени услуги, врз основа на полисата за доброволно здравствено осигурување и во согласност со условите на осигурувањето.
Центар за возила Струга
Во рамките на Центар за возила - Струга функционира и Аурон Брокер, каде можеме да ви ги понудиме следниве услуги:
- Регистрација на возила
- Осигурување
- Конторлен технички преглед
- Меѓународна возачка дозвола
- Зелен картон
- Дозвола за управување туѓо моторно возило во странство
- ЦЕМТ дозволи
- Издавање пробни таблици
- ТИФ сертификати
- Пријава на моторно возило
- Атест за плин, фолии, итн.
- Хомоголација
- Одјава на возило