ОСИГУРУВАЊЕ НА ЛИЦА

Незгода

Со осигурувањето од незгода можат да се осигураат работници во фирми, односно да се заштитат вработените во текот на целото деноноќие, без разлика дали се наоѓаат на работното место или вон него. Овој тип на осигурување се склучува на барање на работодавачот и има за цел да обезбеди целосна финансиска заштита на неговите вработени од евентуален несреќен случај кој може да има последици по нивното здравје и живот. Кон ова осигурување можат да се приклучат и лица вон работен однос кои се во блиско сродство со вработениот, по барање и евиденција на работодавачот.

Со колективното осигурување од незгода на Винер се обезбедува сигурност на вработените во случај на:

  • Траен губиток на општата работна способност на вработениот
  • Смрт
  • Направени трошоци за лекување
  • Привремена неспособност за работа како последица на несреќен случај –дневен надомест,
  • Трошоци за дневен надомест во случај на преодна работна неспособност.

Патничко

Патувањата по светот често знаат да бидат непредвидливи.Никој не знаеме што не чека утре. Најсигурен начин секогаш подготвени да го дочекаме ризикот, е да се осигураме.Со патничкото осигурување можете во секое време брзо и едноставно да склучите осигурување и да имате покритие од полноќ истиот ден, за почетна сума од 2 евра.

Основни карактеристики на патничкото осигурување:

  • -Патничкото осигурување може да биде склучено за минимум три дена и максимум една година.
  • -Осигурувањето може да биде склучено како индивидуално, семејно, студентско, бизнис или групно патување.
  • Од асистентскиот центар, достапен 24/7, добивате организација и поддршка во случаи на потреба од итна медицинска грижа, правна помош, помош со изгубен багаж при патување со авион...

Патници во јавен превоз

При регистрација на возилата со кои се врши јавен превоз на патници, правното лице кое е овластено да обавува јавен превоз на патници, задолжително купува полиса за осигурување на патници во јавниот превоз.

Со ова осигурување се обезбедува заштита на патниците од последици на несреќен случај – незгода во случај на смрт, преодна неспособност за работа и нужни трошоци за лекување како и трајно губење на општата работна способност пропишани со Законот за задолжително осигурување во сообраќај.

Ова осигурување важи за секое лице кое  заради патување се наоѓа во едно од средствата за јавен сообраќај, како и лицата кои се наоѓаат во станичниот простор, пристаништето или во непосредна близина на превозното средство пред влегувањето односно излегувањето, за кое ќе се докаже дека имало намера да патува со средствата за јавен сообраќај.

Минималните осигурени суми за еден патник се следните:

  • 4.500 евра во случај на смрт,
  • 9.000 евра во случај на трајно губење на општата работна способност,
  • 2.200 евра во случај на преодна неспособност за работа и нужни трошоци за лекување.

ПРИВАТНО ЗДРАСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Предмет на осигурување при склучување на договор за приватното здравствено осигурување е надомест на трошоците за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, како:

  • Повисок стандард на здравствени услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување над стандардите пропишани со подзаконски акт на Министерот за здравство согласно со ЗЗО, користени во мрежата на здравствени установи;
  • Здравствени услуги користени во дополнителната дејност во здравствена установа од мрежата на здравствени установи во која што се врши специјалистичко-консултативна и болничка здравствена дејност, во согласност со прописите за здравствена заштита;
  • Здравствени услуги од специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита користени во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи.

Ова осигурување е наменето за сите оние кои сакаат комплетна здравствена заштита и највисок квалитет на здравствена услуга за своите пари. Сите оние кои се дел од државниот Фонд за здравство, односно се здравствено осигурени, сега можат покрај во државните здравствени установи, да користат услуги и во приватните болници и ординации.

Доброволното здравствено осигурување овозможува користење здравствени услуги во приватни здравствени установи со кои Осигурување има склучено договор за соработка.Значи Станува збор за водечките приватни клинички болници и специјалистички здравствени установи во кои нашите осигуреници можат да користат здравствени услуги, врз основа на полисата за доброволно здравствено осигурување и во согласност со условите на осигурувањето.

Центар за возила Струга

Во рамките на Центар за возила - Струга функционира и Аурон Брокер, каде можеме да ви ги понудиме следниве услуги:

  • Регистрација на возила
  • Осигурување
  • Конторлен технички преглед
  • Меѓународна возачка дозвола
  • Зелен картон
  • Дозвола за управување туѓо моторно возило во странство
  • ЦЕМТ дозволи
  • Издавање пробни таблици
  • ТИФ сертификати
  • Пријава на моторно возило
  • Атест за плин, фолии, итн.
  • Хомоголација
  • Одјава на возило
Работиме со Најдобрите

ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ