Осигурително Брокерско Друштво-Аурон Брокер

Осигурителното брокерско друштво АУРОН БРОКЕР АД е вашиот личен советник, консултант и застапник од сферата на осигурувањето. Познавајќи го македонскиот осигурителен пазар ние ве застапуваме пред осигурителните компании и бараме најсоодветни понуди кој се најблиски до вашите желби или потреби. Во спектарот на нашите активности е и амортизација на настанатите штети преку нашата помош во соодветна реализација на вашите оштетни побарувања од осигурителните куќи, а по потреба и користење на професионална правна помош.

Нашата услужна дејност е дефинирана со Законот за супервизија на осигурување.

АУРОН БРОКЕР А.Д. нуди професионален, брз, квалитетен и копплетен сервис со цел заштита на движниот и недвижниот имот на нашите клиенти.

Листата на наши задоволни клиенти брои преку 2000 физички и правни лица меѓу кои се реномирани домашни приватни, и државни установи и институции. А тоа воедно претставува најскапоцената референца т.е препорака за нас.

Услугите на брокерот се бесплатни

НАЧИН НА РАБОТА

  • 1. Прием во осигурување (Ваше барање за осигурување(понуда));
  • 2. Правење Анализа и идентификација на ризиците;
  • 3. Проучување на понудените производи од Осигурителните Компании;
  • 4. Прифаќање и изготвување на соодветната полиса;
  • -Доколку ви се случи штета настан:
  • 5. Стручен совет или посредување во реализирање на оштетното побарување.

Значи, Брокерот е самостоен и независен експерт од областа, кој има склучена соработка со сите осигурителни компании во државата, ви заштедуваме време, ангажман и финанскиски средства со барање на соодветни понуди за вас или вашата фирма.

Запомнете ние работиме за сметка и во целосна корист на клиентот и секогаш сме на ваша страна, ќе се бориме и ќе ве заштитиме без тоа да го наплатиме од вас.

Центар за возила Струга

Во рамките на Центар за возила - Струга функционира и Аурон Брокер, каде можеме да ви ги понудиме следниве услуги:

  • Регистрација на возила
  • Осигурување
  • Конторлен технички преглед
  • Меѓународна возачка дозвола
  • Зелен картон
  • Дозвола за управување туѓо моторно возило во странство
  • ЦЕМТ дозволи
  • Издавање пробни таблици
  • ТИФ сертификати
  • Пријава на моторно возило
  • Атест за плин, фолии, итн.
  • Хомоголација
  • Одјава на возило
Работиме со Најдобрите

ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ