АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ-ОСИГУРУВАЊЕ ПРИ РЕГИСТРАЦИЈА

Авто одговорност ретставува законски задолжително осигурување при регистрација на сите видови моторни возила .Со ова осигурување или оваа осигурителна полиса се покрива одговорноста т.е ризикот на сопственикот при управување на моторното возило за направена штета кон трети лица и предмети.

Дополнаителително на ваше барање може во полисата да се вклучат и други ризици:

  • -осигурување на патници
  • -осигурување на стакла
  • -помош на пат итн.

КАЛКУЛАТОР ЗА ПАТНИЧИ И ТОВАРНИ ВОЗИЛА

    ЗЕЛЕН КАРТОН

    Зелениот картон во суштина е проширување на вашето автомобилско осигурување за управување надвор од територија на Р.Македонија.Зелениот образец (картон) се бара на граничниот премин при влеза во друга држава и има улога на гаранција дека во случај на штетен настан со вашето возило штетата ќе биде соодветно надоместена без разлика дали сте ппричинител или оштетен.

    Патнички возила За цела година /до 66kw - 3690 ден; 1 месец 1850 ден.
    За цела година /над 66kw - 5536 ден; 1 месец 3075 ден.
    Товарни возила: За цела година / 17222 ден.
    Моторцикли: За цела година / 1850 ден.
    Приколки: За година / 5536 ден.
    Комбинирани: За година 9656 ден.

МОТОРНИ ЧАМЦИ

Претставува задолжително осигурување за сите видови пловни објекти со мотор и мора да се поседува при годишната регистрација на чамецот во Капетанија.Овај вид осигурување се однесува на ризикот при управување на чамецот кон трети лица и предмети, и е идентично со автомобилското осигурување.

ГРАНИЧНО ОСИГУРУВАЊЕ

Гранично осигурување мора да го поседува сопственикот на возилото со странски регистарски таблици при влез во Р.Македонија доколку нема важечки зелен картон.Значењето на граничното осигурување е на привремен територијално и временски ограничен зелен картон, кој се користи при транзит или престој на странското возило во земјава.

Вид на возило: 15 Дена 30 Дена 60 Дена 180 Дена 360 Дена
Патничко возило 50 Евра 70 Евра 110 Евра 250 Евра 350 Евра
Доставно воз.до 1 Тон 120 Евра 210 Евра 300Евра 740 Евра 1040 Евра
Товарно воз.над 1 Тон 230 Евра 320 Евра 520 Евра 1200 Евра 1720 Евра
Минибуси до 15 седишта 210 Евра 260 Евра 400 Евра 920 Евра 1290 Евра
Автобуси 290 Евра 420 Евра 660 Евра 1520 Евра 2170 Евра
Влечни возила 10 Евра 15 Евра 20 Евра 50 Евра 70 Евра
Специјални возила 40 Евра 50 Евра 70 Евра 180 Евра 250 Евра
Моторцикли и скутери 50 Евра 60 Евра 100 Евра 220 Евра 320 Евра
Приклучни возила 10 Евра 15 Евра 25 Евра 40 Евра 50 Евра
Работни возила 40 Евра 60 Евра 100 Евра 230 Евра 330 Евра

КАСКО

Каско осигурување претставува дополнитен вид осигурување кое претставува дополна на задолжителното осигурување кое веќе го имате за моторното возило,каското се однесува исклучиво на заштита на вашето возило.Каско осигурување може да се направи за сите видови возила : патнички,товарни,работни,специјални.

Каско полисата се однесува исклучиво на вашето возило и ги покрива штетите настанати при сообраќајна незгода во која вие сте причинителот на штетата, како и штетите настанати поради временски непогоди, удар од предмет и злонамерни постапки како кражба или намерно оштетување.

Во зависност од пакетот којшто ќе го изберете, со Каското можете да го заштитите Вашето возило од уништување или оштетување предизвикано од следните ризици:

  • - Сообраќајна незгода
  • - Пожар, удар на гром, експлозија
  • - Временски непогоди (луња,  град, снежна лавина)
  • - Кражба, противправно одземање и разбојништво
  • - Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство
  • - Злонамерни постапки
  • - Оштетување на тапацирот при давање помош на повредени лица
  • - Намерно предизвикување штета со цел да се спречи поголема штета
  • - Пад или удар на некој предмет врз возилото
  • - Манифестации и демонстрации
  • - Паѓање на воздушни летала
  • - Поплава, порој и восоки води
  • - Земјотрес

ВИДОВИ НА КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ:

  • потполно каско без вклучен ризик кражба,
  • потполно каско со вклучен ризик кражба,
  • каско-осигурување без франшиза,
  • каско-осигурување со франшиза од 100, 200, 300, 400 и 500 евра.

Да обезбедите доказ за претрпената штета.

Центар за возила Струга

Во рамките на Центар за возила - Струга функционира и Аурон Брокер, каде можеме да ви ги понудиме следниве услуги:

  • Регистрација на возила
  • Осигурување
  • Конторлен технички преглед
  • Меѓународна возачка дозвола
  • Зелен картон
  • Дозвола за управување туѓо моторно возило во странство
  • ЦЕМТ дозволи
  • Издавање пробни таблици
  • ТИФ сертификати
  • Пријава на моторно возило
  • Атест за плин, фолии, итн.
  • Хомоголација
  • Одјава на возило
Работиме со Најдобрите

ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ