*Политика на приватност

Грижата за приватноста на нашите клиенти за Осигурителното Брокерско Друштво -Аурон Брокер АД претставува приоритетна цел.Политика на приватност ви дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна ,или користите некоја од нашите online или административна услуга преку истата. Се собираат само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања согласно Законот за Заштита на Лични Податоци

*Контролор на лични податоци :

Контролор на личните податоци е Осигурително Брокерско Друштво Аурон Брокер АД - Струга, ул.„Дримени 4 инд./Босна Путеви -Струга, Република Северна Македонија.

-Контролорот самостојно и/или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци. Кога целите и начинот на обработка се определени со закон или со друг пропис, тогаш контролорот ги обработува личните податоци со цел да се исполнат правата и обврските што произлегуваат од конкретниот закон.

-Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

*Кои податоци се бараат обработуваат од страна на нашите вработените при користење на наши услуги:

  • лична кара или пасош, тековна состојба за правни лица, сообраќајна дозвола, возачка дозвола, дооговор за купопродажба за возило, имотен лист, жиро сметка, слики(возило,стан,објект), здравствена книшка (за животно или здравствено осигурување), електронска пошта.

*Категории на податоци кои се обработуваат при посета на нашата веб страна:

  • Податоци за навигација -при посетата на нашата интернет страна ние не собираме никакви информации за посетителите. На веб страната нема инсталирано плагини кои имаат намена да собираат информации од посетителите и кои би се користеле за статистички извештаи.
  • Податоци што корисникот доброволно ги доставува Личните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб – страна се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите надлежности утврдени согласно со закон.Може да обработуваме некои од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон и e-mail адреса.
  • Лица кои бараат вработување во Осигурително Брокерско Друштво Аурон Брокер АД Струга, врз основа на Законот за работни односи. Податоците доаѓаат до нас преку и-меил пораки на одреден и-меил профил, со користење на формата “кариера во Аурон Брокер”.

*Заштита и чување на податоците:

Аурон Брокер АД ги превзема сите неопходни техничко-организациони мерки и процедури за заштита на личните податоци, за спречување неовластен пристап или нивна злоупотреба. Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени со рокови на чување. Ние не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица.

*Кога и каде се даваат податоци?

1. По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

2. Податоци кои се доставуваат на осигурителните друштва и се обработуваат согласно закон.

*Пристап до информациите и вашите права

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

• право да бидете информирани за обработката на личните податоци

• право на пристап до личните податоци

• право на исправка и бришење на личните податоци

• право на ограничување на обработката на личните податоци

• право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци писмено на е-маил или на тел.број објавен на веб страната подолу.

*Офицер за заштита на лични податоци.

Сите прашања во врска со обработката на личните податоци од страна на Друштвото како контролор, ве молиме упатете ги до офицерот за заштита на личните податоци, преку електронската пошта gorankojceski@gmail.com, или на тел бр.046/786-991.

Центар за возила Струга

Во рамките на Центар за возила - Струга функционира и Аурон Брокер, каде можеме да ви ги понудиме следниве услуги:

  • Регистрација на возила
  • Осигурување
  • Конторлен технички преглед
  • Меѓународна возачка дозвола
  • Зелен картон
  • Дозвола за управување туѓо моторно возило во странство
  • ЦЕМТ дозволи
  • Издавање пробни таблици
  • ТИФ сертификати
  • Пријава на моторно возило
  • Атест за плин, фолии, итн.
  • Хомоголација
  • Одјава на возило
Работиме со Најдобрите

ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ