Најчесто поставувани прашања

1. ЗОШТО ДА АНГАЖИРАТЕ БРОКЕР?

Брокерот е самостоен и независен експерт од областа на осигурувањето на имот и лица со повеќегодишно искуство. Брокерот има склучени договори за соработка со сите осигурителни компании на територијата на Република Македонија. Таквата позиција му овозможува на најдобар можен начин да ги застапува интересите на својот клиент. Соработката со брокерот, која не бара никаков финансиски надомест од Ваша страна, може значајно да Ви заштеди време и ресурси кои инаку би морале да ги ангажирате.

2. КОЈ ГО ПЛАЌА БРОКЕРОТ?

Брокерската услуга брокерот ја наплаќа од осигурувачот (осигурителната компанија).

3. КОИ РИЗИЦИ ГИ ОПФАЌА ДОМАЌИНСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ?

Со овој вид на осигурување се покриени следните ризици:

основни ризици во кои спаѓаат: пожар, удар од гром, експлозија, излевање на вода од водоводна и канализациска инсталација, луња, град, удар со сопствено моторно возило, паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација;

провална кражба и разбојништво на предметите во домаќинството;

осигурување од одговорност кон трети лица во случај на нанесување на штета од осигурениот објект на некое од соседните домаќинства;

трошоци за нужно сместување.

4. ШТО ОЗНАЧУВА ПОИМОТ ФРАНШИЗА?

Поимот 'франшиза' означува учество на осигуреникот во паричниот износ на надоместот на штетата. На пример, доколу имате каско-осигурување со франшиза од 500 евра, а настане штета во износ од 700 евра, ќе Ви бидат исплатени само 200 евра од осигурителната компанија, бидејќи Вашето учество е 500 евра.

4. ДАЛИ ПОЛИСАТА ЗА КАСКО-ОСИГУРУВАЊЕ ВАЖИ ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНИКОТ НА ВОЗИЛОТО?

Во случај на промена на сопственикот на осигуреното возило во текот на траење на каско-осигурувањето, истото престанува да важи, т.е. правата и обврските од каско-полисата не се пренесуваат на новиот сопственик. На стариот сопственик му се враќа неискористениот дел од премијата (доколку во изминатиот период немал пријавено штета), а новиот сопственик е потребно да склучи нова полиса.

4. КАКО СЕ ОПРЕДЕЛУВА ВРЕДНОСТА НА ОДРЕДЕН ГРАДЕЖЕН ОБЈЕКТ КОЈ Е ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ?

Вредноста на градежниот објект се определува според неговата градежна вредност, односно тоа е износот што во случај на штета би бил доволен за оштетениот градежен објект да се доведе во првобитната состојба во која се наоѓал при приемот во осигурување.

5. КОЈ Е ОСИГУРЕНИК?

Осигуреник е лицето чиј живот е осигуран.

6. КОЈ МОЖЕ ДА СКЛУЧИ ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ?

Договарач на осигурување на живот може да биде полнолетно физичко лице кое е работоспособно, а осигуреник може да биде лице кое има навршено најмалку 15 години живот. Како договарач на осигурување може да биде и правно лице, а како осигуреници да бидат неговите вработени.

7. ЗА КОЈ ПЕРИОД МОЖЕ ДА СЕ ДОГОВОРИ ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ?

Осигурување на живот може да се договори најкратко на 10 години траење, а најдолго на 40 години. Горната старосна граница на завршување на траење на осигурувањето е 75 години старост на осигуреникот.

8. ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВРШИ ПРОМЕНА НА КОРИСНИКОТ НА ПОЛИСАТА?

Договарачот на осигурувањето може во секој момент да изврши промена на корисникот на осигурувањето со доставување на писмено барање за таквата промена.

Центар за возила Струга

Во рамките на Центар за возила - Струга функционира и Аурон Брокер, каде можеме да ви ги понудиме следниве услуги:

  • Регистрација на возила
  • Осигурување
  • Конторлен технички преглед
  • Меѓународна возачка дозвола
  • Зелен картон
  • Дозвола за управување туѓо моторно возило во странство
  • ЦЕМТ дозволи
  • Издавање пробни таблици
  • ТИФ сертификати
  • Пријава на моторно возило
  • Атест за плин, фолии, итн.
  • Хомоголација
  • Одјава на возило
Работиме со Најдобрите

ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ