Патници во јавен превоз

При регистрација на возилата со кои се врши јавен превоз на патници, правното лице кое е овластено да обавува јавен превоз на патници, задолжително купува полиса за осигурување на патници во јавниот превоз.

Со ова осигурување се обезбедува заштита на патниците од последици на несреќен случај – незгода во случај на смрт, преодна неспособност за работа и нужни трошоци за лекување како и трајно губење на општата работна способност пропишани со Законот за задолжително осигурување во сообраќај.

Ова осигурување важи за секое лице кое  заради патување се наоѓа во едно од средствата за јавен сообраќај, како и лицата кои се наоѓаат во станичниот простор, пристаништето или во непосредна близина на превозното средство пред влегувањето односно излегувањето, за кое ќе се докаже дека имало намера да патува со средствата за јавен сообраќај.

Минималните осигурени суми за еден патник се следните:

  • 4.500 евра во случај на смрт,
  • 9.000 евра во случај на трајно губење на општата работна способност,
  • 2.200 евра во случај на преодна неспособност за работа и нужни трошоци за лекување.

Центар за возила Струга

Во рамките на Центар за возила - Струга функционира и Аурон Брокер, каде можеме да ви ги понудиме следниве услуги:

  • Регистрација на возила
  • Осигурување
  • Конторлен технички преглед
  • Меѓународна возачка дозвола
  • Зелен картон
  • Дозвола за управување туѓо моторно возило во странство
  • ЦЕМТ дозволи
  • Издавање пробни таблици
  • ТИФ сертификати
  • Пријава на моторно возило
  • Атест за плин, фолии, итн.
  • Хомоголација
  • Одјава на возило
Работиме со Најдобрите

ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ