ЗЕМЈОДЕЛСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Земјоделското осигурување е тука за да не дозволи долгогодишниот труд кој што сте го вложиле, заедно со огромните средства за оддржување на Вашите посеви и плодови да биде загрозен од временските непогоди што сѐ почесто се случуваат во нашата држава.
Сега Земјоделското осигурување е подостапно од било кога, од причина што 60% од цената на полисата е субвенционирана, со што на осигуреникот му останува да плати само 40% од полисата.
Земјоделското осигурување ги покрива следниве ризици на кои се изложени посевите и плодовите:
- Пожар
- Град
- Удар од гром
Доколку се плати дополнителна премија, покритието може да се прошири и за два дополнителни ризици:
- Поплава
- Пролетен мраз
Осигурителното покритие кои се обезбедува со оваа полиса се однесува на посевите и плодовите на осигурената површина, во период од нивната сеидба до периодот на нивно собирање.