ЦМР

Осигурувањето ЦМР е специјално креирано за нашите осигуреници кои се бават со извршување на транспорт, со обезбедени оптимални покритија од ризици и суми на осигурување кои одговараат на потребите и можностите на транспортерите.

Осигурувањето ЦМР е специјално креирано за осигуреници кои се бават со извршување на транспорт, со обезбедени оптимални покритија од ризици и суми на осигурување кои одговараат на потребите и можностите на транспортерите. Со овој тип осигурување е осигурена одговорноста на превозникот за примената стока за превоз во патен сообраќај. ви нуди три вида на ЦМР осигурување според намената – за превозникот, за организаторот на транспорт и пакетот ЦМР Плус. Подолу можете да ги видите ризиците од кои ве штити ова осигурување.

Одговорноста на Осигуреникот се утврдува според одредбите на Условите за осигурување на одговорноста на превозниците во друмскиот сообраќај во домашен и меѓународен транспорт – ЦМР, како и:

1. Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај

2. Законот за облигациони односи

3. Конвенцијата за договорите за меѓународен друмски превоз на стоки (ЦМР Конвенција)

+  Можност на едно ВЛЕЧНО возило да се приклучат повеќе приколки (полуприколки).

Осигурување во основната премија  вклучи и расипување на стоката предизвикано од расипување  на Термокингот (СЕРВИСИРАН) со  вграден уреден термограф.

ПАКЕТ ЦМР ПЛУС ПАКЕТИ

Со намера да се излезе во пресрет на сите барања на превозниците, имате можност уште еден пакет на ЦМР осигурување, со кој е опфатен дополнителниот ризик - оштетување на делот од возилото наменет за товар, настанат од самата стока која што е предмет на превоз.

Покриени ризици - оштетување на церада, елементи на кутијата на возилото, конструкција за церада, и кутија на возилото, сендвич панели на ладилник, исталации во товарен дел при манифестиран транспортен ризик:

  • - сообраќајна незгода или нејзино избегнување
  • - превртување, изместување на товар, палета, сноп или сл.
  • - истекување на хемикалии, течности, масла
ШТО Е ПОТРЕБНО ДА ИЗРАБОТИМЕ ПОЛИСА

За да изработиме полиса за транспорт потребно е осигуреникот да се изјасни за висината на осигурителното покритие (сума на осигурување) и да достави информација во врска со видот на камионот.

Центар за возила Струга

Во рамките на Центар за возила - Струга функционира и Аурон Брокер, каде можеме да ви ги понудиме следниве услуги:

  • Регистрација на возила
  • Осигурување
  • Конторлен технички преглед
  • Меѓународна возачка дозвола
  • Зелен картон
  • Дозвола за управување туѓо моторно возило во странство
  • ЦЕМТ дозволи
  • Издавање пробни таблици
  • ТИФ сертификати
  • Пријава на моторно возило
  • Атест за плин, фолии, итн.
  • Хомоголација
  • Одјава на возило
Работиме со Најдобрите

ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ