ОПШТА ОДГОВОРНОСТ
Предмет на осигурувањето од одговорност претставува законската одговорност на осигуреникот за штета што предизвикала смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на предмети на трети лица. Покриени се штети кои ќе настанат од Вашата дејност и активност, од поседување на објекти и предмети, од правен однос како извор на опасност. Воедно, покриени се штети кои се последица од закуп или плодоуживање на земјиште, згради и простории кои се користат за одвивање на дејноста.
Ако посебно се договори со ова осигурување може да се покрие:
- кражба и исчезнување на предмети;
- загадување на вода и тло;
- користење, односно поседување, закуп или плодоуживање на : земјиште, згради и простории, коишто се користат исклучиво за потребите на осигурена дејност или занимање;
- одговорност на инвеститор и изведувач на градежни работи;
- чисто имотна штета.
Центар за возила Струга
Во рамките на Центар за возила - Струга функционира и Аурон Брокер, каде можеме да ви ги понудиме следниве услуги:
- Регистрација на возила
- Осигурување
- Конторлен технички преглед
- Меѓународна возачка дозвола
- Зелен картон
- Дозвола за управување туѓо моторно возило во странство
- ЦЕМТ дозволи
- Издавање пробни таблици
- ТИФ сертификати
- Пријава на моторно возило
- Атест за плин, фолии, итн.
- Хомоголација
- Одјава на возило