КАСКО

Каско осигурување претставува дополнитен вид осигурување кое претставува дополна на задолжителното осигурување кое веќе го имате за моторното возило,каското се однесува исклучиво на заштита на вашето возило.Каско осигурување може да се направи за сите видови возила : патнички,товарни,работни,специјални.

Каско полисата се однесува исклучиво на вашето возило и ги покрива штетите настанати при сообраќајна незгода во која вие сте причинителот на штетата, како и штетите настанати поради временски непогоди, удар од предмет и злонамерни постапки како кражба или намерно оштетување.

Во зависност од пакетот којшто ќе го изберете, со Каското можете да го заштитите Вашето возило од уништување или оштетување предизвикано од следните ризици:

  • - Сообраќајна незгода
  • - Пожар, удар на гром, експлозија
  • - Временски непогоди (луња,  град, снежна лавина)
  • - Кражба, противправно одземање и разбојништво
  • - Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство
  • - Злонамерни постапки
  • - Оштетување на тапацирот при давање помош на повредени лица
  • - Намерно предизвикување штета со цел да се спречи поголема штета
  • - Пад или удар на некој предмет врз возилото
  • - Манифестации и демонстрации
  • - Паѓање на воздушни летала
  • - Поплава, порој и восоки води
  • - Земјотрес

ВИДОВИ НА КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ:

  • потполно каско без вклучен ризик кражба,
  • потполно каско со вклучен ризик кражба,
  • каско-осигурување без франшиза,
  • каско-осигурување со франшиза од 100, 200, 300, 400 и 500 евра.

Центар за возила Струга

Во рамките на Центар за возила - Струга функционира и Аурон Брокер, каде можеме да ви ги понудиме следниве услуги:

  • Регистрација на возила
  • Осигурување
  • Конторлен технички преглед
  • Меѓународна возачка дозвола
  • Зелен картон
  • Дозвола за управување туѓо моторно возило во странство
  • ЦЕМТ дозволи
  • Издавање пробни таблици
  • ТИФ сертификати
  • Пријава на моторно возило
  • Атест за плин, фолии, итн.
  • Хомоголација
  • Одјава на возило
Работиме со Најдобрите

ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ