ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИШ ПРИ СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА
Што треба да правиш?
1. Биди учтив/а
-Остани културен и смирен кога разговараш со другиот возач.
2. Запиши забелешки
-Запиши како поминала сообраќајката за да не ги заборавиш деталите.
3. Забележи ја штетата
-Направи фотографии од сообраќајната незгода и нанесената штета на возилата.Најдобро е да се направи фотографии од сите 4 агли и од местото на контакт пред да се отстранат возилата.
4. Провери дали имаш повреди
-Дури и да мислиш дека не си повреден/а консултирај се со лекар.
Што не треба да правиш!
1. Да не го напуштиш местото на несреќата
-Провери дали другиот возач е повреден и повикај полиција.
2. Да не признаеш вина ако за тоа не си сигурен
-Секое извинување може да се земе како признавање на вината.
Доколку си повреден при несреќата:
Во најбрз можен рок побарај медицинска помош
Дури и да немаш видливи знаци на повреда. Доколку ова го одложуваш ќе биде потешко да се докаже дека повредите се предизвикани од несреќата.
Набави полициски извештај
Прочитај го убаво за да се осигураш дека се е опфатено. Доколку нешто се изостави може да влијае врз твоето право да добиеш отштета.
Побарај совет од правник
Адвокат ќе ти помогне да ги заштитиш твоите права кога си повреден во сообраќајна незгода. Остави на експерт да ги истера работите со осигурителните компании и папрологијата додека закрепнуваш.
Центар за возила Струга
Во рамките на Центар за возила - Струга функционира и Аурон Брокер, каде можеме да ви ги понудиме следниве услуги:
- Регистрација на возила
- Осигурување
- Конторлен технички преглед
- Меѓународна возачка дозвола
- Зелен картон
- Дозвола за управување туѓо моторно возило во странство
- ЦЕМТ дозволи
- Издавање пробни таблици
- ТИФ сертификати
- Пријава на моторно возило
- Атест за плин, фолии, итн.
- Хомоголација
- Одјава на возило