ПОСТАПКА ВО СЛУЧАЈ КОГА ВО СТРАНСТВО СЕ СЛУЧУВА СООБРАКАЈНА НЕЗГОДА
1.За сообракајна незгода случена во странство:
- - пријава на штета која се случила како последица на сообраќајна незгода во странство се пријавува во земјата каде се случила и се применува законодавството на таа земја во однос на одговорноста на учесниците во истата.
- - во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета пополнете европски извештај за штета (содржината на европскиот извештај е идентична на сите јазици, па соодветните графи можете да ги користите од македонскиот примерок).
- - во случај на сообраќајна незгода со голема материјална штета или/ и телесни и смртни последици задолжително пријавите во полиција за да направи извид на лице место и изготви Записник.
- - ако не сте одговорни за сообраќајната незгодата, a штетата е предизвикана од осигурано возило пријавете штета во Бирото во земјата во која се случила незгодата (броевите на Бироата се наоѓаат на задната страна на зелената карта).
- - Ако штетате е предизвикана од неосигурано возило ( независно дали се работи за возило со регистарски ознаки на посетената земја или друго странско возило со рег.таблички од земја членка на Советот на бироа за зелени карти) штетата се пријавува во Гарантниот фонд во земјата каде се случила сообракајната незгода.Напоменуваме дека при ова прашање треба да се има во предвид дека 34 земји членки на Советот на бироа за зелени карти се потписнички на мултилатералната спогодба со која регистарските ознаки се доказ за постоење на осигурување.
- - во случај кога сте одговорни за незгодата, веднаш по враќањето од странство задолжително треба да го известите осигурителното друштво кое ја издало зелената карта за сите релевантни моменти поврзани со незгодата (точно постапете по упатството добиено од осигурителното друштво).
Центар за возила Струга
Во рамките на Центар за возила - Струга функционира и Аурон Брокер, каде можеме да ви ги понудиме следниве услуги:
- Регистрација на возила
- Осигурување
- Конторлен технички преглед
- Меѓународна возачка дозвола
- Зелен картон
- Дозвола за управување туѓо моторно возило во странство
- ЦЕМТ дозволи
- Издавање пробни таблици
- ТИФ сертификати
- Пријава на моторно возило
- Атест за плин, фолии, итн.
- Хомоголација
- Одјава на возило